28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАDeutsche Bank: Кои се можните епилози од грчката криза?

Deutsche Bank: Кои се можните епилози од грчката криза?

deutsche_bank121

Аналитичарот на Deutsche Bank Џим Рид смета дека по грчкиот референдум постојат четири можни сценарија за оваа држава.

Како што пренесува брокерската куќа FWstreet.com, со седиште во Единбург, најмалку веројатно сценарио според аналитичарот е партнерите од еврозоната да понудат многу „помека“ програма, односно поповоелен пакет мерки.

Со поголема веројатност се типува дека Грција ќе попушти и ќе остане во еврозоната благодарение на рекапитализација на своите банки со европски пари, при што грчката влада за своите фискални потреби ќе користи исклучиво домашни извори на приходи.

Трето можно сценарио Рид предвидува актуелната грчка влада да ја загуби власта бидејќи поради затворените банки доаѓа до се поголеми економски и политички проблеми. Во тој случај би се создала нова влада на национално единство која со кредиторите би постигнала нов договор.

Четвртото сценарио подразбира излегување на Грција од еврозоната. За ова сценарио, според проценката на главниот меѓународен економист на Штефан Шнајдер, веројатноста изнесува 40 отсто.

Шнајдер, исто така тврди, дека Европската централна банка веројатно ќе ја сочека одлуката на министрите за финансии на еврозоната пред да пушти било какви дополнителни средства за Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП