25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел и Ципрас договориле Атина во вторник да изнесе нов предлог

Меркел и Ципрас договориле Атина во вторник да изнесе нов предлог

merkel cipras 53

Грчкиот премиер „во понеделникот во текот на телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел договориле Атина во вторник, на европскиот самит да го изнесе предлогот на грчката влада“, чија цел ќе биде да се склучи договор со доверителите Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, се вели во кусото соопштение на владата на Грција, пренесува AFP.

По надмоќната победа на неделниот референдум на поддржувачите на политиките на грчката влада да не ги прифати новите услови од пакетот за продолжување на надворешната финансиска помош на Грција, којашто технички е во банкрот, премиерот Алексис Ципрас изјави дека целта не била „да се прекине“ со Европа, туку да се „зајакне важноста на преговорите“ на Атина за да продолжат нејзините напори да се постигне спогодба со доверителите за финансиската иднина на Грција.

За истата тема, покрај со германската канцеларка Ангела Меркел, Ципрас телефонски разговараше и со францускиот претседател Франсоа Оланд, а претходно и со челникот на Европската централна банка, Марио Драги,

Во понеделникот навечер во Париз, е предвидена работна вечера на Оланд и Меркел,, Во вторник ќе се одржи средба на министрите за финансии на земјите членки на еврозоната, а подоцна вечерта и европскиот самит, и на сите ќе биде дискутирана финансиската иднина на Грција.

Европејците се поделени кога станува збор за судбината на Грција во еврозоната. Челникот на Еврогрупата и холандски министер за финансии, Јероен Дијселблом во понеделникот изјави дека „грчкото „не“ не нé приближува кон решението“, Наспроти тоа, Шпанија и Италија, се изјаснија за решавање на грчкото прашање на самитот, кој ќе се одржи во вторник, што значи дека преферираат политички одлуки, откако Атина веќе ги прекрши финансиските прописи кои важат во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП