18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото паѓа во однос на доларот по грчкиот референдум

Еврото паѓа во однос на доларот по грчкиот референдум

evra-evro-evra

Курсот на еврото на меѓународните валутни пазари во понеделникот претпладнето паѓа во однос на американскиот долар, реагирајќи на исходот од неделниот референдум во Грција на кој не беше прифатена предлогот на доверителите за дополнителна финансиска помош на земјата во замена за нови штедења, што може да резултира со потреси во зоната на употреба на единствената европска валута.

Според ситуацијата на девизните пазари во 12 часот по македонско време, курсот на еврото во однос на доларот се спушти до 1,1048 долари за евро, од 1,1115 долари колку што изнесуваше курсот на претходното затворање. Истовремено се намали и курсот на доларот во однос на јапонскиот јен, на 122,66 од претходната вредност од 123,85 јени за долар. Индексот на доларот, курсот на американската валута кон кошницата од шест светски валути најголеми трговски партнери на САД, се намали за 0,11 отсто, на 96,28 поени.

Грција во моментов нема доволно пари за финансирање на своите надворешни и внатрешни обврски, а партнерите од еврозоната и од целата Европска унија, нудат нови реформи во замена за продолжување со трет пакет финансиска помош на земјата, покрај досегашните доделени 240 милијарди евра заеми и отписот на 107 милијарди евра, главно кај приватните доверители.

Меѓутоа, Грците со големо мнозинство до 61 наспротив 39 отсто го отфрлија предлогот на доверителите. Веднаш по завршувањето на референдумот во неделата навечер, кога стана јасно дека ќе победи опцијата „не“ курсот на еврото кон доларот падна под психолошката бариера од 1,1 долари за евро, спуштајќи се на 1,0989 долари.

Во понеделникот грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакик неочекувано поднесе оставка, како што соопшти и како што очекуваат партнерите, да му даде простор на премиерот Алексис Ципрас сепак да влезе во преговори со доверителите, и да постигне подобар договор, бидејќи повеќето министри од еврозоната би биле задоволно од неговото отсуство од преговорите.

„Не постои посебна причина за раст на еврото, но пазарите продолжуваат да ги проценуваат ризиците доколку Грција излезе од еврозоната, Јас лично сметам дека шансите за излезот се многу високо – 70 до 80 отсто“, вели за AFP, валутниот аналитичар Шинија Харуи, од токиска „Nomura Securities“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП