20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБишев ја напушта Стопанска банка

Бишев ја напушта Стопанска банка

20130318-195111.jpg

Глигор Бишев заминува од местото генерален извршен директор на Стопанска банка.

Бишев ќе остане во Банката најдоцна до 30 јуни 2013 година, со цел Националната банка на Грција да именува нов генерален директор и да се обезбеди успешна транзиција.

Во 2012 година Стопанска банка оствари пораст на кредитирањето од 5 отсто и нето добивка од 12,9 милиони евра, што, според Банката, е резултат на ефикасното искористување на домашното и девизното штедење.

– Лошите пласмани беа под целосна контрола, целосно резервирани и за 1,5 отсто пониски од просекот на македонскиот банкарски сектор, соопштија од Стопанска банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП