25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција: Меркел и Оланд договориja европски самит, Габриел предупредува дека нов договор...

Грција: Меркел и Оланд договориja европски самит, Габриел предупредува дека нов договор е тешко замислив, Москва вели дека е излез од еврозоната

grcijaaaa-ja-ja-ja

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, кој ноќта кон понеделникот имал телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас, договориле поради исходот од референдумот во Грција со кој е отфрлен предлогот на доверителите, да се одржи итен самит на челниците на еврозоната во вторник, додека германскиот министер за финансии кеа германскиот министер за економија Зигмар Габриел изјави дека откако Атина очигледно ги отфрли условите за новата програма за финансиска помош, тешко е да се замисли дека би се воделе нови преговори околу пакетот за помош.

Грција којашто во неделата на референдумот со убедливо мнозинство гласаше против предлогот за финансиска помош условена со дополнително штедења, од меѓународните доверители, направи „чекор кон излегување од еврозоната“, оцени заменикот руски министер за финансии Алексеј Ликачев.

„Не можеме да не видиме дека е направен чекор кон излегување од еврозоната“, изјавил Ликачев, кого го цитира агенцијата ТАСС. Но тој истакнал дека уште е рано да се каже дали „Грција ќе оди до самиот крај“.

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд коишто ќе имаат работна вечера во понеделникот во Париз во врска со ситуацијата во Грција, се согласиле дека треба да се почитуваат резултатите од грчкиот референдум на кој со големо мнозинство е отфрлен предлогот на доверителите. Извори од кабинетот на канцеларката дека барањето за одржување на самитот му го пренеле на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Самитот на челниците на земјите од еврозоната во вторник за AFP го потврдиле и од Елисејската палата,, потврдувајќи дека претседателот Оланд телефонски разговарал со грчкиот премиер Алексис Ципрас и со челниците на европските институции Жан-Клод Јункер на Европската комисија, Мартин Шулц на Европскиот парламент и со Туск.

Грчката телевизија ERT претходно јави дека извори од кабинетот на Цирпас рекле дека двајцата челници разговарале за тоа како да се продолжат преговорите меѓу Атина и нејзините доверители, по пропаѓањето на преговорите во текот на состанокот на министрите за финансии на еврозоната на 25-ти мај по што ненадејно беше распишан референдумот.

Според грчките медиуми Цирпас во текот на вечерта разговарал со повеќе европски челници, како и со претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги.

По повод исходот од грчкиот референдум, оваа седмица ќе се сретнат и министрите на финансии на 19-те земји членки на еврозоната, потврди портпаролот на претседателот на Еврогрупата и холандски министер за финансии Јероен Дијселблом. Портпаролот Михел Реијнс само појаснил за Reuters дека состанокот нема да се одржи во понеделник, туку кон крајот на седмицата.

Германскиот министер за економија, Зигмар Габриел, во неделата навечер дека Грција го отфрли предлогот, не може да се замисли дека ќе се водат нови преговори околу пакетот за помош на Грција

„Со отфрлањето на правилата коишто важат во еврозоната (…) преговорите околу програмата вредна милијарди евра тешко може да се замислат, вели Габриел, челник на Социјалдемократската партија (SPD).која е во коалиција со конзервативците на канцеларката Ангела Меркел.

„Ципрас и неговата влада го водат грчкиот народ на патот кон горката напуштеност и безнадежност“, додаде Габриел кој порано благонаклоно гледаше на грчкиот премиер, но колку што стануваше појасен неуспехот на преговорите, толку поостро ги критикуваше неговите чекори. Истакна дека Ципрас „ги урнал последните мостои на кои Грција и Европа можеа да изградат компромис“.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, во Виена каде учествува на преговорите на шесте светски сили со Иран за неговата нуклеарна програма, оцени дека Атина е таа која мора да одлучи за следните чекори.

„Како прво, мораме да го прифатиме тој резултат. Какви заклучоци од тоа да се извлечат, тоа е одлука којашто мора да се донесе во Грција и затоа топката сега е на нивната страна од теренот“, рече Штајнмаер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП