20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВaруфакис: Грчкото ‘не’ е победа на демократска Европа, Ципрас ќе ги ‘интензивира“...

Вaруфакис: Грчкото ‘не’ е победа на демократска Европа, Ципрас ќе ги ‘интензивира“ иницијативите за договор

grcijagrcija-ulici-protesti

Грчкото „не“ е големо „да“ за демократска Европа, изјави во неделата навечер грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис откако Грците на референдумот  јасно кажаа „не“, опција којашто ја заговараше премиерот Алексис Ципрас, чиј претставник во преговорите со кредиторите најави дека Атина ќе се врати на преговарачката маса.

„Денешното ‘не’ е големо ‘да’ за демократска Европа. Од утре со овој храбар глас ‘не’ ќе ги повикаме своите партнери да пронајдеме заеднички став“, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, откако по повеќе од половината од избирачкиот материјал од грчкиот референдум повеќе нема дилеми дека уверливо мнозинство од гласачите се одлучиле да го послушаат премиерот Алексис Ципрас и да ги отфрлат предлозите и барањата на меѓународните кредитори и европските партнери – Меѓународниот монетарен фонд, (ММФ), Европската централна банка (ЕЦБ) и Европската комисија.

Грчкото министерство за внатрешни работи по обработениот материјал од 51,88 отсто од избирачките места, објави дека опцијата „не“ е во водство со 61,24 отсто, додека опцијата „да“ освоила 38,76 отсто од гласовите, а неважечки се 5,72 отсто од гласачките ливчиња. Одѕивот на гласачите изнесувал 60,01 отсто од околу десетмилионското гласачко тело.

Премиерот Алексис Ципрас минатиот викенд објавувајќи го референдумот рече дека Грците мора да ја земат судбината во своите раце и да испратат звучна демократска порака на европската и светската заедница, што очигледно наиде на согласност кај жителите на презадолжената земја, којашто веќе неколкупати во својата историја банкротирала, изморени од строгите мерки за штедење по годините лагоден живот. Иако, анкетите пред референдумот покажуваа речиси изедначеност во поддршката за двете опции, на гласањето уверливо Грците се одлучија за „охи“ (не).

Во мноштвото изјави за медиумите дадени во триумфалистичка атмосфера во Атина, помошникот на грчкиот министер за меѓународни односи и координатор на преговорите со доверителите, Евклидос Цакалотос изјави во неделата навечер дека Атина ќе се врати на преговорите и ќе „преговара за реформитте, долгот и планот за зголемување на економскиот раст“.

„Спротивната страна сега знае дека нема да потпишеме каков и да е договор (…). Од вечерва сме подготвени да разговараме“, порача Цакалотос.

Портпаролот на владата Габриел Сакеларидис за телевизијата ANT1, пак, изјави дека од неделата навечер премиерот Ципрас „ќе ги интензивира иницијативите за постигнување договор“ со меѓународните кредитори, со кои пет месеци беше преговарано без ефект.

Исто така, објасни дека централната национална банка уште ноќта во неделата упатила барања до Европската централна банка, верувајќи дека има цврсти аргументи за зголемување на плафонот за итна помош за ликвидност на грчките банки (ELA) кои веќе една седмица не работата, а според најавите нема да отворат сé додека не биде постигнат договор и поради масовното повлекување на средствата на штедачите изминатите седмици, наскоро може да останат без пари.

По референдумот, Европската централна банка, на којашто Атина на 20-ти јули треба да ѝ плати 3,6 милијарди евра од долгот, и којашто последните денови ги држеше грчките банки во вештачка кома, повеќе од кога и да е претходно одлучува за нивното опстојување, целата грчка економија и за натамошната судбина на Грција во европската монетарна унија,.

Советот на гувернерите на ЕЦБ, како што тврди гувернерот на Австриската народна банка, Невалд Новотни, ќе се сретне во понеделник. Без оглед дали ќе биде постигнат договор меѓу доверителите и Атина, ЕЦБ „нема основа за продолжување на испраќањето помош за Грција“, коментираше за агенцијата APА, економистот Холгер Шмидинг.

Веднаш по објавувањето на прелиминарните резултати од грчкиот референдум на меѓународните валутни пазари еврото падна во однос на американскиот долар за повеќе од 1,5 отсто, на 1,09868 долари. Финансиските аналитичари за понеделник најавуваат бурен ден на светските берзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП