19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција: Противниците на штедењето славеа на улиците, владата не размислува за драхмата

Грција: Противниците на штедењето славеа на улиците, владата не размислува за драхмата

grcija-ulici

Мноштво Грци, противници на строгите мерки за штедење кои во неделата на референдумот го заокружиле одговорот „не“ за новата програма за финансиска помош понудена од доверителите, излегоа на улиците на главниот град Атина, славејќи ја победата на крајната левица, покажуваат снимките на грчките телевизии.

Во меѓувреме владата објави дека не размислува за воведување на паралелна валута на еврото, додека Елисејската палата објави дека францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел во понеделник ќе разговараат за ситуацијата во Грција.

Грците на референдумот со големо мнозинство гласале за одбивање на планот на меѓународните кредитори и го поддржале ставот на премиерот Алексис Ципрас, покажуваат резултатите по 30 отсто од преброените гласови.

Грчкото министерство за внатрешни работи, коешто вообичаено е задолжено за спроведувањето на изборите, соопшти дека опцијата „не добива 60,67 отсто, а „да“ 39,33 од гласовите, по обработена речиси третина од гласачкиот материјал. Според процените непосредно пред затворањето на избирачките места, одѕивот на гласачите бил околу 65 отсто, како и на предвремените парламентарни избори на 25-ти јануари кога победи Сириза токму со ветувањата дека ќе ги прекине острите мерки за штедење.

Собирите на поддржувачите на Ципрас започнаа два часа по затворањето на избирачките места на плоштадот Синтагама во центарот на Атина, Опремени со национални знамиња и транспаренти со „НЕ“, Грците излегоа пред парламентот, скандирајќи пароли против програмата на доверителите, Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, кои сметаат дека треба да продолжи политиката на штедење за да се консолидира финансиската ситуација на Грција.

Не ја разгледуваме можноста за воведување паралелна валута. Мислам дека нема да не исфрлат од еврозоната. Подготвени сме уште вечерва да се сретнеме со нив“, изјави Евклид Цакалотос, координатор на преговорите со кредиторите за телевизијата Star.

Меѓутоа, челниците од еврозоната предупредија дека грчкото гласање против ќе ѝ го отежне на Европската централна банка давањето на помош на Грција. Грчките банки се затворени цела седмица, а владата најави дека нема да го отвори сé додека не постигне договор со кредиторите.

Грчката влада го сака тој договор што поскоро, изјави владиниот портпарол Габриел Сакеларидис за јавниот сервис ERT. „Преговорите мора многу брзо да бидат завршени, за 48 часа. Ќе сториме сé за наскоро да постигнеме договор“, рече Сакеларидис.

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис уште во неделата ноќта ќе разговара со водечките грчки банкари, откако е веќе извесна победата на поддржувачите на отфрлањето на преговорите на доверителите за излез од кризата, пренесува Reuters, повикувајќи се на извори од министерството. Се очекува дека одговорот „не“ ќе создаде дополнителен притисок врз грчките банки.

Грција на неделниот референдум одлучуваа за иднината на земјата и за судбината на првата влада на крајната левица во ЕУ. Аналитичарите, исто така, очекуваат дека ова гласање ќе се одрази и на натамошното функционирање на европските институции.

Референдумот беше спроведен ненадејно и ненајавено откако по пет месеци пропаднаа преговорите на владата на радикалната левица Сириза и ЕК, ЕЦБ и ММФ, а Грција на 30-ти јуни и официјално престана да ги исплаќа своите долгови.

Ваквиот исход на референдумот значи зацврстување кај грчките гласачи на позицијата на премиерот Алексис Ципрас кој повика на гласење „против“ нарекувајќи г предлогот на доверителите „понижување“ и „ултиматум“. Проевропските партии во ЕУ и челниците во еврозоната предупредија, пак, дека гласањето со „не“ ќе биде пречка во новите преговори со доверителите кои ќе се водат под нови услови и ќе ја насочат Грција кон излегување од еврозоанта.

Грчкиот министер за одбрана, челник на минорниот коалициски партнер Независни Грци (Анел), Павлос Каменос, во неделата прв реагираше на најавените резултати и на Twitter напиша дека „грчкиот народ докажал дека не им подлегнал на уцените“. „Грчкиот народ докажа дека не им подлегна на уцените, теророт, заканите – демократијата победи“, напиша Каменос.

Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел ќе се сретнат во недела навечер во Париз на работна вечера за да ги „оценат последиците од грчкиот референдум“, објави во понеделникот навечер Елисејската палата, пренесе AFP. Средбата ќе биде во рамките на континуираната соработка меѓу Берлин и Париз „за да се придонесе за трајно решение во Грција“, се истакнува во соопшението.

Францускиот минситер за економија, Емануел Маркон оцени делка без оглед на тоа кој одговор ќе победи на грчкиот референдум, Европејците пора да ги продолжат „политичките преговори со Атина“. Во европските престолнини со нетрпение се очекуваше исходот од референдумот и се страхува за неговите последици врз еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП