28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија нуди 6,1 милијарди американски долари на земјите долж реката Меконг

Јапонија нуди 6,1 милијарди американски долари на земјите долж реката Меконг

tokio sredba

Јапонија, која денеска е домаќин на лидерите на пет држави низ кои протекува реката Меконг, најави помош од 6,1 милијарди долари за тој регион, каде што Токио сака да го зајакне своето влијание наспроти растечката сила, Кина.

Премиерот Шинзо Абе ја најави оваа помош во обраќањето кон своите колеги од Камбоџа, Лаос, Мианмар, Тајланд и Виетнам на почетокот на седмиот годишен состанок на врвот Јапонија-Меконг, организиран во Токио.

„Јапонија ќе го даде својот придонес кон развојот на тие земји во износ од 750 милијарди јени (6,1 милијарда американски долари) во следните три години“, рече Абе.

Оваа помош се надоврзува на 600 милијарди јени кои Јапонија ги намени за тие земји во изминатите три години.

Регионот на реката Меконг има голема потреба за инфраструктура, рече Абе.

Ден претходно, јапонскиот економски весник Nikkei објави дека три јапонски компании го добиле договорот вреден речиси милијарда долари за изградба на железничка мрежа во предградието на Бангкок.

Владата на премиерот Абе сака во прво време да го зголеми работењето на јапонските компании од подрачјето на автопатиштата, железничките пруги и електрани во светот, со цел да и помогне на јапонската економија.

Со самитот во сабота Јапонија сака да ги зацврсти своите врски со тој регион во кој Кина го зајакнува своето влијание. За таа цел, Јапонија во мај најави дека за пет години во Азија ќе вложи 10 милијарди долари.

Кина, пак, не ги крие своите економски и територијални претензии градејќи вештачки острови во спорното подрачје на Јужното кинеско море. Кинескиот министер за надворешни работи во март најави дека сака да ја јакне билатералната размена со десетте членки на АСЕАН (Сојуз на земји од југоисточна Азија), за да ја удвои до 2020 на 1.000 милијарди долари.

Во таа борба за доминација Кина многу смета на новата Азиска инвестициска банка за инфраструктура, која неодамна ја покрена и во која пристапија 50 држави, а нејзиниот капитал изнесува 100 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП