29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Ѓаволите“ им поставија ултиматум на „кралевите“

„Ѓаволите“ им поставија ултиматум на „кралевите“

de gea ramos

Реал Мадрид можеби нема да може да ја реализра една од најголемите трансфер цели. Манчестер Јунајтед нема да го продаде Давид де Геа на кралскиот клуб, ако во обратна насока не пристигне централниот дефанзивец на „белите“, Серхио Рамос.

Ова е последната новина околу сагата која се разгоре на релација „Олд Трафорд“ – „Сантијаго Бернабеу“. Информацијата е на „Гардијан“, каде се тврди дека во Манчестер Јунајтед се подготвени да го пуштат талентираниот голман без пари следното лето, но не и да потклекнат пред Реал.

Во моментов Де Геа е во Мадрид, каде што ги поминува завршните денови од својот одмор. Во понеделник тој треба да е во Манчестер за почетокот на подготовките на „црвените ѓаволи“.

Манчестер Јунајтед веќе презеде конкретен потег во привлекувањето на Рамос, откако испрати официјална понуда за 29-годишниот дефанзивец. Според „Гардијан“, меѓутоа се уште нема официјална понуда од „Бернабеу“ за Давид де Геа.

Ако се верува на медиумите, желбата на самите играчи е двонасочниот трансфер да биде реализиран. Се уште не е јасно како ќе заврши играта на нерви меѓу клубовите кои не се склони на големи попусти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП