28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБразил истражува 15 глобални банки за манипулации на девизниот пазар

Бразил истражува 15 глобални банки за манипулации на девизниот пазар

berza 33

Антимонополската агенција на Бразил ги истражува „Citigroup“, „HSBC Holdings“, „Deutsche Bank“ и уште редица други банки кои се под сомневање за создавање картел за манипулација на девизниот курс на бразилскиот реал.

Има „значителни индикации“ за постоењето на овие практики на пазарот на валути од страна на трите големи банки и други 12 американски и меѓународни кредитни институции. Истрага се води и против 30 лица.

Има докази дека банките работеле заедно за да се манипулира со курсот, како и дека се координирале при купување и продавање на валути и на тој начин го местеле референтниот курс на Централната банка и се спречувале активностите на други банки, кои делуваат на бразилскиот девизен пазар.

Меѓу останатите банки се „JP Morgan Chase“, „Morgan Stanley“, „Credit Suisse“, „Barclay’s“, „Royal Bank of Scotland“ и „UBS“.

Претходно оваа година пет од банките, испитани во Бразил се изјаснија за невини по слични обвиненија во САД и се согласија да платат вкупно 5 милијарди долари казна. Четири од нив – „Barclays“, „Citigroup“, „JP Morgan“ и „Royal Bank of Scotland“ ја признаа вината во манипулирање на цените на пазарот на долари и евра во САД. „UBS“ ќе добие имунитет во тоа дело, но се изјасни за виновна во манипулирање на „Libor“.

Бразилската антимонополска агенција има блиски врски со органите на другите земји и најверојатно добива помош од нив во истрагата. Во случај вината на банките биде докажана, тие може да бидат казнети до 20% од годишните приходи, но оваа сума може да се удвои, ако се утврди дека тие постојано манипулирале на пазарот.

Истрагата е за настани кои се случиле меѓу 2007-ма и 2013-та година. Банките ги координирале активностите преку разговори обезбедени од „Bloomberg LP“, а дел од учесниците говореле за групата како за „картел“ и „мафијата“. Барем еден од учесниците засега им помага на властите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП