25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас се надева дека договор ќе се постигне 48 часа по референдумот

Ципрас се надева дека договор ќе се постигне 48 часа по референдумот

ciprasssss090990

Грчкиот премиер Алексис Ципрас очекува да постигне нов договор за помош од кредиторите во рок од 48 часа по референдумот во недела.

Тој соопшти дека проблемот којшто го имаат граѓаните со затворените банки нема долго да трае.

Ципрас за TV ANT1 изјави дека сцените во Грција, како што се редиците пред банките и пензионерите кои со часови чекаат на пензиите се непријатни и за тоа ги обвини грчките партнери од еврозоната коишто ја принудиле Европската централна банка да ги замрзне финансисрањето за банките кое е од витална важност.

Министерот за државна управа на Грција и близок соработник на Ципрас, Никос Папас претходно изјави дека грчките банки ќе бидат отворени кога официјална Атина ќе постигне договор со меѓународните кредитори.

„Тоа, се надеваме дека ќе се случи набрзо по референдумот закажан во недела“ изјави Папас.

Ципрас ги повика Грците на референдумот во недела да гласаат против договорот за меѓународна помош, отфрлајќи ги предупредувањата дека со мнозинското „не“ Грција ќе излезе од еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП