20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДијслеблом: Грција со ‘не’ го рескира местото во еврозоната

Дијслеблом: Грција со ‘не’ го рескира местото во еврозоната

Eurogroup President Jeroen Dijsselbloem holds a news conference during a Euro zone finance ministers emergency meeting on the situation in Greece

За Грција најверојатно „нема да има место во еврозоната“ доколку мнозинството на неделниот референдум за условите за продолжување на меѓународната финансиска помош се одлучи за „не“, предупреди претседателот на Еврогрупата, холандскиот министер за финансии, Јероен Дијселблом.

Пред членовите на комисијата на холандскиот парламент, Јероен Дијселблом, во четвртокот навечер изјави дека грчките гласачи не би требало да очекуваат подобри услови од кредиторите, доколку на референдумот на 5-ти јули се одлучат за „не“, пренесува Reuters.

Иако понудата за којашто ќе гласаат Грците веќе истече, референдумот ќе покаже дали се подготвени да поднесат тешки жртви за останување во еврозоната, додаде челникот на министрите за финансии на 19-члената еврозона.

„Од една илузија мора да се ослободат, а тоа е дека, доколку резултатот биде негативен, за сé може повторно да се преговара и дека ќе добијат полесен и поатрактивен пакет“, истакна Дијселблом.

Во меѓувреме Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави извештај според кој на Грција ѝ се потребни дополнителни 50 милијарди евра во следните три години за да ги стабилизира јавните финансии според актуелниот, спорен план на доверителите.

Како што пренесе BBC, ММФ во извештајот ја намалил прогнозата за економскиот раст за Грција во 2015 година од 2,5 на 0 отсто, со оцена дека промените во грчката политика и финансиските показатели од почетокот на 2015-та „резултирале со значително поголеми потреби од финансирање“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП