19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенечкото здружение на потрошувачи не ги препорачува пакуваните виршли

Словенечкото здружение на потрошувачи не ги препорачува пакуваните виршли

1098493-04

Водечкото словенечко здружение на потрошувачите го контролирало квалитетот на виршлите и утврдиле дека од осум различни марки купени во трговските синџири не може на потрошувачите да им предложи ниту една бидејќи содржат многу маснотии, а премалку месо.

„Најмногу нè разочара тоа што малку производители на производот го означуваат процентот на месо во виршлите, а токму таа информација е важна за потрошувачите“, рече Тања Пајк Жонтар од Сојузот за заштита на потрошувачите.

Од 12 примероци на виршли по цена од 4 до 9 евра за килограм кои биле анализирани, ниту за една марка не оцениле дека можат да ги препорачуваат со оглед на квалитетот и цената на килограм на свински бут од 5 евра, а младите говедски шницли за 8 евра.

Според словенечкиот правилник, виршлите би требало да содржат најмалку 75 отсто на „месно тесто“ од говедско и свинско, но истражувањето покажа дека производителите не се држат до тоа бидејќи во виршлите има премногу маснотии, колаген и други додатоци, а во еден анализиран примерок воопшто не е откриено говедско.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП