19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПарижаните ги повикуваат Грците да заокружат ‘не’. Ципрас ќе ги отвори банките...

Парижаните ги повикуваат Грците да заокружат ‘не’. Ципрас ќе ги отвори банките по постигнување на договор

cipcipras

Неколку илјади демонстранти во француската престолнина Париз во четвртокот ги повикаа грчките гласачи да ги отфрлат мерките за штедење кои ги бараат доверителите, повикувајќи ги да заокружат „не“ на референдумот, кој ќе се одржи во недела, а истовремено грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека следната седмица ќе биде постигнат договорот со кредиторите, по што ќе започнат да работат банките во земјата.

Протестите во Париз ги организираа левичарските бунтовници од владејачката француска Социјалистичка партија, на претседателот Франсоа Оланд, и се противат на она за што се залага француската влада, која смета дека заокружувањето на „не“ на грчкиот референдум на 5-ти јули би претставувало опасен чекор кон можното излегување на Грција од еврозоната, пренесува AFP.

Полицијата прецени дека на Плоштадот Бастија, традиционалното место за протесни собири, во четвртокот се собрале околу три илјади демонстранти. На транспарентите кои беа истакнати во Париз пишуваше „Доста е од острите мерки за штедење“ и „Солидарност со грчкиот народ, отпишување на долгот“.

Меѓутоа, истражувањето на јавното мнение коешто го спровела групата Harris Interactive,покажува дека две третини испитаници анкетирани во Франција сакат европските земји да престанат да ѝ позајмуваат пари на Грција, а 53 отсто од нив веруваат дека Атина нема да врати ниеден од своите долгови. Само 4 проценти од анкетираните веруваат дека Грција ќе го врати целиот долг, кој според некои процени изнесува во моментов вкупно и до 300 милијарди евра.

Францускиот министер за финансии, Мишел Сапен, изјави дека грчкото гласање „за“ ќе го овозможи дијалогот со Атина за можно продолжување на преговорите.

Истовремено во четвртокот вечерта грчкиот премиер Алексис Ципрас, беше уверен дека во текот на следната седмица, по референдумот, ќе биде постигнат договор со кредиторите, и потоа банките ќе бидат отворени. Банките во Грција беа затворени по распишувањето на референдумот поради надзор на движењето на капиталот, а истовремено беше лимитирано и дневното вадење пари во готовина од банкоматите, поради тоа што неизвесноста предизвика масовно повлекување на парите, изразени во милијарди евра.

„Ние ќе постигнеме договор во рок од 48 часа по референдумот. Банките ќе бидат отворени која ќе има договор“, изјави Ципрас во интервјуто за телевизијата ANT1.

Грчкиот премиер истакна дека е подготвен за компромис. „Јас си подготвен да направам отстапки, доволни за да биде постигнато прифатливо решение. Доколку договорот не ги осигури потребите за финансирање и во него нема да ги има, тогаш долгот нема да биде неприфатлив и нема да се согласиме со него. Дојдовме до крајот на преговорите, и нив ќе ги зацврсти грчкиот народ“, рече Ципрас.

Тој е убеден дека „’не’ на ултиматумите“ на кредиторите на референдумот ќе даде повеќе шанси да биде постигнат поволен договор.

„Доколку триумфира ‘да’, ќе имаме неодржлив договор. Ќе го уважам кој и да е резултат и ќе ги започнам неопходните процеси“, додаде Ципрас. Додаде дека Грција нема цел да излезе од еврото, и не може да се направи споредба со ситуацијата во Кипар. „Она што ние го правиме, тоа е мала револуција“, истакна Ципрас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП