16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧаби Алонсо се враќа во Ливерпул

Чаби Алонсо се враќа во Ливерпул

Xabi_Alonso

Фудбалерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо во текот на летото е се поблиску до враќање во својот поранешен тим Ливерпул.

Ливерпул во моментов се нафати на не толку лесна задача, а тоа е да го убедат раководството на „кралевите“ да го пуштат шпанскиот репрезентативец, кој веќе ги известил клупските шефови дека сака да си замине.

Според медиумите во неговата татковина искусниот фудбалер не планира да го обнови договорот од кој му останува уште една година, што практично ќе го принуди мадридскиот гигант да го продаде на крајот од сезоната.

31-годишниот Алонсо е миленик на симпатизерите на Ливерпул, дури и Брендон Роџерс е подготвен да направи компромис со филозофијата да наметнува млади играчи во тимот. Шпанскиот репрезентативец помина пет сезони на “Енфилд” под водство на Рафаел Бенитез и ја освои Лигата на шампионите уште во првата сезона.

Во 2009-та година Алонсо беше продаден на Реал за 30 милиони фунти, а оттогаш Ливерпул не успеа да најде негова достојна замена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП