2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИстражување: “Анализа на локалните програми за енергетска ефикасност во Македонија – состојби,...

Истражување: “Анализа на локалните програми за енергетска ефикасност во Македонија – состојби, предизвици, решенија “

anal

Овој труд подготвен од Ана Стојиловска, истражувач за енергетски прашања во тинк тенк организацијата Аналитика, имаше за цел утврдување на состојбата со усвојување и спроведување на локалните програми за енергетска ефикасност, проценка на предвидените мерки, како и констатирање на позитивни примери и предизвици.

Меѓу главните наоди се дека околу ¼ од општините немаат донесено програма за енергетска ефикасност. Најголем дел од општините кои одговорија дека немаат доставено програма за енергетска ефикасност се од Југозападниот и Југоисточниот регион на Македонија.

Главни мерки во програмите се подобрување на осветлувањето и изолацијата во јавните објекти и позитивно е што овие мерки се први чекори кон решавање на локалните енергетски прашања. Сепак во најголем број на програми отсуствуваат мерки за темелно подобрување на греењето, поамбициозни мерки за обновливи извори и мерки за резиденцијалниот сектор.

Има повеќе случаи мерките предвидени во програмите за енергетска ефикасност да не бидат спроведени поради недостаток на финансии.

Неколку програми за енергетска ефикасност во однос на својата содржина и спроведување на терен се добар пример како општина Карпош, општина Кисела Вода и општина Пехчево.

Генералниот заклучок е дека состојбата со донесување и спроведување на програмите е далеку од беспрекорна. Ќе бидат потребни значителни напори за подготовка на амбициозни проекти и за нивно активно спроведување.

Потребно е општините кои немаат донесено програма за енергетска ефикасност да ги проучат добрите примери на програми за енергетска ефикасност и да побараат поддршка за нивна подготовка.

Општините кои во своите први програми претежно се фокусирале на подобрување на осветлувањето и на изолацијата, во следните програми да предложат мерки за потемелна реформа на греењето вклучувајќи и на опции за промена на енергенсот како и мерки предвидени за домаќинствата и за обновливи извори на енергија. Во случај за овие мерки да не можат да издвојат сопствени средства, да побараат донаторска помош.

Интергрален текст на трудот:
http://analyticamk.org/images/Files/Programi_za_EE_final_48a08.pdf

Трудот е изработен во рамките на проектот “Енергетска ефикасност во Македонија на локално ниво – предизвикот на подготовка на програми за енергетска ефикасност“.
Повеќе информации: http://analyticamk.org/en/events/448-energy-efficiency-in-macedonia-at-local-level-the-challenge-of-preparing-energy-efficiency-programs

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП