28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да ги проширите професионалните можности

Како да ги проширите професионалните можности

Талент, искуство и способност…ова се важни фактори, но упорноста, подготвеноста и способноста за прилагодување се најважни фактори кога зборуваме за професионален успех.

Во време кога стапката на невработеност е голема, важно е да ја одржите својата вредност на пазарот на труд.

Тоа важи за сите унапредувања било внатре во компанијата или на новото работно место.

Освен што ќе се погрижите сите ваши квалификации да се добри, треба на луѓето да им дадете до знаење дека имате добри квалификации и дека ќе профитираат ако ве имаат вас.

Ставете се во позиција од која можете да ги демонстрирате своите вредности. Размислувајте креативно. Покажете ја својата флексибилност.

Често имаме повеќе од еден пат кон остварување на посакуваната цел. Држете ги очите отворени и ќе видите патеки кои никој друг не ги гледа или не сака воопшто да размислува за нив.

Размислувајте како да станете единствен, уникатен работник – така ќе ги проширите професионалните можности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП