25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција и прекумерната понуда во фокусот на нафтените пазари

Грција и прекумерната понуда во фокусот на нафтените пазари

nafta 02

Цената на нафтата падна денеска на светските берзи откако Грција не ја плати доспеаната рата од кредитот на ММФ, а снабдувањето од САД и од членките на OPEC дополнително е зголемено, што поттикна загриженост поради прекумерното снабдување.

На лондонската берза цената на барел нафта се спушти 78 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 62,81 долари, а на американската берза со барелот се тргува по 94 центи пониска цена, од 58,53 долари.

Нафтените пазари ги притисна денеска Грција, која стана прва развиена држава која не ги исполни своите финансиски обврски кон ММФ. Дополнителен притисок генерираше неочекуваниот раст на американските залихи на сирова нафта, покажуваат податоците на Американскиот иснтитут за нафта (API).

Извештајот покажа раст на залихите на сирова нафта во САД во минатата недела за 1,9 милиони барели додека аналитичарите предвидуваа натамошен пад.

Порасна и снабдувањето од OPEC во јуни, на највисоко ниво за три години, од 31,6 милиони барели дневно, покажува истражувањето на Reuters.

Нафтениот пазар е преплавен со нафта од OPEC, а доколку преговорите за иранската нуклеарна програма продолжат бидат завршени со договор, на пазарот му се „заканува“ и дополнително снабдување од Иран, толкува Карстен Фрич од Commerzbank.

Светските сили и Иран преговараат во Виена за нукеларната програма на Техеран, а рокот за договор е поместен за 7-ми јули.

„Грција претставува дополнителен фактор на ризик, но повниметелно ги следам состојбите во Виена откоклу во Атина“, вели Оливие Јакон од Petromatrix.

Пазарот го притисна и посилниот долар, поради должничката криза во Грција, кочејќи ја побарувачката за нафта со оглед на намалената куповна моќ на оние кои посетуваат други валути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП