29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА отвори истрага против Барселона

УЕФА отвори истрага против Барселона

navivaci barsa

На натпреварот против Јувентус (3:1), одигран на Олимпискиот стадион во Берлин, навивачите на Барселона носеле знамиња на Каталонија и со одредени песни повикувале на независност на Каталонија.

На „Камп Ноу“ се шокирани од постапката на УЕФА, а својата одбрана ќе ја изнесат пред Дисциплинската комисија на УЕФА на 23-ти јули.

УЕФА е против политички пароли, знамиња и скандирања на стадионите и нејзината намера е клубовите да бидат одговорни за однесувањето на навивачите и се што се случува на фудбалските стадиони.

Според весникот Marca, Барселона се соочува со парична казна од 60.000 евра и затворање на еден дел од стадионот на наредниот натпревар во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП