19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНишикори се повлече од Вимблдон

Нишикори се повлече од Вимблдон

nisikori 3003

Јапонскиот тенисер, Кеи Нишикори (25), поради повреда на листот на левата нога, се повлече од понатамошниот настап на Вимблдон, пренесе агенцијата AFP.

Нишикори кој беше поставен за петти носител на Вимблдон во второто коло требаше да игра против Колумбиецот Сантијаго Хиралдо. Нишикори, во првото коло, во пет сета, славеше над Симоне Болели. На тој меч јапонскиот тениер ја обнови повредата.

„Ми се влоши повредата во петтиот сет, беше многу, многу болно“, рекол Нишикори, кој дополнил дека поради болките не може нормално да се движи.

Јапонецот минатиот месец, во Хале, исто така поради повреда мораше да го предаде полуфиналниот меч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП