29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигна новиот смартфон на Meizu, моделот MX5 (фото+видео)

Пристигна новиот смартфон на Meizu, моделот MX5 (фото+видео)

mx5 s

Кинескиот производител на смартфони, компанијата „Meizu“ го претстави новиот „MX5“. Веднаш на прв поглед може да се забележи дека дизајнерскиот тим немал премногу работа – „MX5“ многу потсетува на „iPhone 6“.

Meizu MX5“ го одликува 5,5-инчен „AMOLED“ екран со резолуција од 1.920 x 1.080 пиксели. Погонската моќ ја добива од осумјадрениот „Helio X10 SoC“ на „MediaTek“ со такт од 2,2 GHz. Работата поврзана со графиката ја извршува „PowerVR G6200“.

mx5 s1

Што се однесува до меморијата, „Meizu“ се одлучи за комбинација од 3 GB LPDDR3 RAM, како и во зависност од моделот простор за чување на податоци од 16, 32 или 64 GB. При купување треба да се биде внимателен бидејќи поддршката за мемориска картичка е изоставена, па така просторот за чување на податоци неможе подолнително да се надополни.

Уредот стандардно е опремен со две камери – задна со резолуција од 20.7 мегапиксели, како и предна со 5-мегапиксели. Задната камера дополнително е опремена со „dual-color LED“ блиц и ласерски автофокус, а има можност за снимање на видео записи „2K“ квалитет при 30fps. Предната камера е стандардно наменета за љубителите на „селфи“ фотографии и корисниците кои ги користат видео повиците.

„MX5“ има и поддршка за две „SIM“ картички, како и „dual-band“ (802.11 ac/b/g/n) „WiFi“ и „Bluetooth“ (4.1) технологија. Дополнителна погодност на овој уред е тоа што двата влеза за „SIM“ картички поддржуваат „LTE“ мрежа, а уредот има и читач за отпечаток на прстот. Капацитетот на батеријата е 3.150 mAh, a благодарејќи на „mCharge“ технологијата, таа може од 0-25% да се наполни за само 10 минути.

Сето ова е спакувано во метално „unibody“ куќиште со димензии 149,9 x 74,7 x 7,66 милиметри. Тежината на уредот изнесува 149 грама, што за овие димензии е сосема прифатливо. Од софтверска стана се користи оперативниот систем на компаниајта „Flyme“ во верзијата 4.5, кој пак се темели на „Lollipop“ верзијата на „Android“.

Цената на овој модел како секогаш зависи од избраниот модел. 16-гигабајтниот модел во Кина ќе се продава по цена од 290 долари, додека за 32 и 64-гигабајтните модели треба да се одвојат 322, односно 390 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП