16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠkoda произведе половина милион примероци од моделот Rapid

Škoda произведе половина милион примероци од моделот Rapid

s rapid

Од фабриките на чешкиот производител за три години излегле 500.000 примероци на моделот „Rapid“ во седан и хечбек верзии. Лимузината беше претставена во 2012-та година, а една година подоцна и се придружи и „Rapid Spaceback“.

„Škoda Rapid“ моментално е вториот најпродаван модел на компанијата (зад „Oktaviа“) со 91.400 автомобили колку што беа испорачани ширум светот во првите пет месеци од 2015-та, што претставува раст од 12,3% во споредба со истиот период од 2014-та

s rapid1

Rapid“ се изработува во две каросериски верзии, како лимузина (со пет врати) и хечбек.

Овој модел е позициониран меѓу „Fabiа“ и „Oktaviа“, а е замислен како пристапно возило наменето пред се за големите пазари во развој (Кина, Русија, Индија…).

Името го доби по истоимениот модел кој „Škoda“ го произведуваше меѓу двете големи војни.

s rapid2

Современата верзија денес се произведува во четири фабрики на два континенти.

Во погонот во Млада Болеслав во Чешка се направени околу 219.000 aвтомобили, во Кина 188.000 возила, во Русија 35.000 примероци, а во Индија 58.000 единици.

Од производните ленти досега слегоа околу 368.000 „Rapid“ лимузини и 132.000 примероци од верзијата „Spaceback“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП