24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКредитните картички на Комерцијална банка без ограничувања за користење во Грција

Кредитните картички на Комерцијална банка без ограничувања за користење во Грција

mas

Со оглед на актуелната состојба во Грција и воведувањето на капиталните контроли, Комерцијална Банка АД Скопје ги известува своите клиенти-корисници на картички, дека врз основа на комуникацијата со компаниите Visa International Inc. и MasterCard Worldwide Inc., во моментов нема да има никакви ограничувања од страна на Банката при користење на нејзините картички во Грција.

Корисниците на картички издадени од Комерцијална Банка АД Скопје, кои патуваат во Грција ќе бидат во можност да ги извршуваат трансакциите на вообичаен начин и да ги користат картичките без ограничувања и рестрикции при подигнувањето на пари од банкомат и во трговија.

Корисниците на картички Visaи MasterCard, издадени од Комерцијална Банка АД Скопје треба да бидат свесни дека би можело да се појават благи нарушувања од аспект на тоа дека некои трговци би можеле да бараат готовинско плаќање наместо плаќање со картичка. Со оглед на тоа, клиентите кои патуваат во Грција би било препорачливо да носат доволно готовина со себе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП