28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе Грци ПРОТИВ мерките за штедење отколку ЗА

Повеќе Грци ПРОТИВ мерките за штедење отколку ЗА

grcija-grcijajjjajajjaja

Истражувањето на јавното мнение во Грција изминатите денови покажало дека повеќе Грци се против мерките за штедење кои ги бараат доверителите во замена за продолжување на финансиската помош на земјата, како и дека односот кон референдумот што го закажа левичарската влада брзо се менува а резултатите се непредвидливи, според заклучокот на анкетата спроведената од порталите.

На неделниот референдум против условите кои доверителите ги поставуваат пред Грција би гласале меѓу 46 и 54 отсто, според анкетите објавени во средата во повеќе медиуми,, додека мерките за штедење би ги поддржале меѓу 33 и 37 отсто избирачи. На референдумот имаат намера да излезат 86 отсто од избирачите.

Во однос на анкетите спроведени пред воведувањето на ограничувањето на протокот на капиталот и дневното количество готовина кое може да се подигне од сметките на 60 евра по картичка во еден ден, разликата меѓу оние коишто се „за“ и „против“ мерките за штедење благо се намалуваат.

Претходно против мерките неа 57 отсто, за беа 30 отсто, додека неодлучни беа 13 проценти од испитаниците. Притоа се истакнува дека мерките за штедење ги поддржуваат невработените Грци.

Во моментов, по објавувањето на ограничувањето, процентот на противниците на штедењето е намален за 46 отсто, а е зголемен на 37 отсто на оние кои ги поддржуваат. Се зголемил, исто така, и бројот на оние кои во анкетата одговориле со „не знам“ на 17 отсто.

Според истражувањето направено од неколку уредништва, 50 отсто од испитаниците се согласуваат со одлуката да се одржи референдумот, а 38 проценти сметаат дека е штетен. На изјаснувањето на 5-ти јули ќе се појават 86 проценти од испитаниците, а нема да излезат 8 отсто, додека 6 проценти сé уште не се одлучиле. Од оние кои ќе излезат на гласање 54 отсто ќе гласаат со „не“ за предложената програма на доверителите, додека „за“ ќе гласаат 33 отсто, а 13 отсто не дале одговор или рекле дека уште не донеле одлука.

Кога станува збор за односот кон референдумот во зависност од партиските ставови, меѓу гласачите на владејачката коалиција на радикалната левица Сириза 77 отсто се изјаснуваат како поддржувачи на „не“ а 15 отсто на „да“. Поддржувачите на десноцентристичката Нова демократија, пак, 65 проценти ќе го подржат прегледот на доверителите а 22 отсто не го поддржуваат. Партијата „Тима“, која нема своја идеологија, 68 отсто се „за“ а 21 се „против“. Кај симпатизерите на Комунистичката партија 57 проценти се „против“ и 20 отсто „за“. Меѓу гласачите на националистичката Анел (Независни Грци) која е дел од владејачката коалиција, 60 отсто ќе гласаат со „не“ а 31 проценти со „за“. Во социјалистичкиот Пасок, 65 отсто се „за“ и 21 се „против“ договорот, а, пак, меѓу гласачите на неонацистичката Златна зора 80 отсто ќе гласаат „не“ а 20 отсто „за“ предлогот на доверителите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП