18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБитолчанец победник на „Виртуелна берза“

Битолчанец победник на „Виртуелна берза“

mk berza

Вториот циклус од наградната игра што се организираше во рамките на едукативниот портал на Македонската берза „Виртуелна берза“, заврши во вторникот, а во оваа игра на знаење беа вклучени повеќе од 300 учесници.

Тие преку Виртуелната берза стекнаа практично искуство од тргувањето со хартии од вредност.

На секој регистриран учесник му беа доделени 500.000 денари виртуелни пари со кои виртуелно се купуваа акции што котираат на Македонската берза по реални цени постигнати од тргувањето на Македонската берза. Покрај едукативниот карактер, оваа игра имаше за цел кај секој учесник да стимулира остварување на најголема вредност на своето портфолио.

По завршувањето на вториот циклус на Виртуелната берза најуспешен учесник е Вилијам Лајмовски од Битола кој во текот на повеќемесечното виртуелно тргување успеа иницијално добиените 500.000 денари да ги инвестира во различни акции и играта да ја заврши со највисока вредност на своето портфолио од 8.518.656 денари. На второ место е учесникот Благоја Трајкоски од Прилеп со остварена вредност на портфолио од 7.132.949 денари, додека трет најуспешен учесник е Драган Даниловски од Скопје кој постигнал вредност од 5.434.100 денари на портфолиото.

Македонската берза на тројцата најуспешни учесници ќе им додели соодветни награди кои се состојат во годишна претплата на продуктот Бестнет за следење на тргувањето на Македонската берза во живо, посета на една од обуките во рамките на Тренинг центарот на Македонска берза (по избор на добитникот), доделување на Прирачник за тргување со хартии од вредност, како и можност за едномесечна пракса на Берзата доколку добитниците се студенти на додипломски или постдипломски студии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП