28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајдобри намирници за топење на мастите

Најдобри намирници за топење на мастите

misirkino

Ова се идеални намирници за брзо оформување на мускули и согорување на мастите…

За оптимално здравје и добра линија многу е значајна соодветната исхрана која подразбира балансиран внес на овошје, зеленчук, јаглени хидрати, протеини, но и масти.

Исхраната која се состои од протеини игра клучна улога во слабеењето, бидејќи при разградувањето на протеините во организмот се троши повеќе енергија. И мастите се важни за правилната исхрана – доколу ги внесувате често, организмот ќе создава залихи од масти и нема да ги троши.

Јајца

Ова е класичен извор на протеини, многу хранлив и не е големо оптеретување за домашниот буџет.

Лосос

Одличен извор на омега 3 масни киселини, но содржи и околу 20 гр протеини на секои 100 гр.

Бобичесто овошје

Изберете го омиленото бобичесто овошје и ќе му подарите на организмот завидна доза на антиоксиданти кои штитат од рак и други заболувања.

Јаткасти плодови

Исхраната богата со јаткасти плодови му дава на телото моно и полинезаситени масти. Имате широк избор – лешници, ореви, бадеми…

Црвено место

Одличен извор на протеини и докажано позитивно влијае на формирањето на мускулите. Црвеното месо содржи витамин Б12, цинк, креатин и омега 3 масни киселини.

Брокули

Овој зелен зеленчук помага при загубата на килограмите, богат е со растителни влакна, а не содржи многу калории. Во брокулите се наоѓаат и фитохемикалии кои делуваат превентивно на појавата на бројни зболувања.

Овесни снегулки

Ако имате проблем со зголемен холестерол, вклучете ги овесните снегулки во својата исхрана. Оваа храна ви овозможува многу корисни материи, но и подолго чувство на ситост па е одлична за слабеењето.

Мисирка

Во 100 гр од ова месо се наоѓаат само 4,5 гр заситени масти.

Спанаќ

Многу алкална намирница која ја спречува загубата на мускулна маса, а покрај тоа штити од некои видови на рак и срцеви болести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП