19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка АД – Скопје започнува со издавање на нови и замена...

Стопанска банка АД – Скопје започнува со издавање на нови и замена на постоечките општи транзитни царински гаранции

N

Како водечка банкарска институција во земјата, Стопанска банка АД – Скопје (СБ) успешно ги исполни сите предуслови согласно Конвенцијата за заедничката транзитна постапка и е целосно подготвена да ги поддржи постојните и новите клиенти на банката при трговијата во Европската унија, ЕФТА и Турција.

Користејќи ја својата широка мрежа на коресподентни банки и воспоставената одлична соработка  на меѓународно ниво, СБ обезбеди агенти во сите земји-членки на Конвенцијата и ја прилагоди релевантната документација, со што од 1 јули 2015  година ќе започне со издавање на новите општи транзитни царински гаранции и замена на веќе постојните.

Компаниите  ќе можат да се  обратат во сите филијали на Стопанска банка АД – Скопје (СБ) со барање за издавање на нови или со барање за замена на веќе постоечките општи транзитни царински  гаранции, согласно Конвенцијата за заедничка транзитна постапка во земјите на ЕУ, ЕФТА и Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП