23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВимблдон: Сестрите Вилијамс нема да играат дубл

Вимблдон: Сестрите Вилијамс нема да играат дубл

vilijams-dubllll

Сестрите Вилијамс, Серена и Венус, се повлекоа од Вимблдон во конкуренција на двојки. Организаторите на турнирот соопштија дека сестрите нема да играат во дубл, без да ја наведат причината.

Серена и Венус имаат освоено пет титули во игра на двојки на Вимблдон. Тие минатата година се повлекоа од турнирот во второто коло поради лошата здравствена сосотојба на Серена.

Во првото коло сестрите Вилијамс требаше да играат против британско-американската комбинација Џоана Конте и Марија Санчез.

Местото на сестрите во жрепката ќе го заземат ‘лаки лузерите’ – Мисаки Дои од Јапонија и Стефани Фогт од Лихтенштајн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП