20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ го продолжи договорот со Пипан

МЗТ го продолжи договорот со Пипан

ales pipan

Словенецот Алеш Пипан и во наредната сезона ќе го предводи од клупата кошаркарскиот шампион на Македонија, тимот на МЗТ Скопје Аеродром.

Клубот на својата интернет страница потврди дека екс селекторот на Македонија ќе го води тимот и во сезоната 2015/2016.

МЗТ со Пипан на клупата ја освои двојната круна во домашното првенство во сезоната 2012/2013, а изминатата сезона Словенецот го предводеше тимот до четвртата последовна титулата во првенството на Македонија.

Откако постигна договор со Пипан, раководството на МЗТ во наредниот период ќе се фокусира на формирање на играчкиот кадар за наредната сезона, а примарна цел ќе биде продолжување на договорите со Мијатовиќ, Симоновски, Синовец и Чапин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП