17 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција стана првата развиена држава која не може да ги плати долговите...

Грција стана првата развиена држава која не може да ги плати долговите кон ММФ

mmf-imf-greece-grcija-go-home

Грчкото обраќање до доверителите во последен час за натамошна финансиска помош не беше доволно и земјата на полноќ стана првата развиена економија на светот која не можеше да отплати рата од долг кон ММФ.

ММФ по полноќ потврди дека Грција до истекот на рокот не ја уплати ратата од 1,6 милијарди долари. Како резултатот на тоа директорката на ММФ Кристин Лагард ќе го извести управниот одбор на фондот дека Грција има заостанат долг што е официјален термин за неисполнување на договорените обврски.

Страувањата од грчкото неплаќање на долгот ги вознемири светските финансиски пазари поради можноста дека тоа ќе доведе до излегување на Грција од еврозоната. Судбината на нејзиното членство во 19-члената зона зависи од неделниот референдум на кој Грците треба да гласаат за мерките на штедење кои се предуслов за натамошна финансиска помош.

Според првичните анкети 54 отсто до Грците имаат намера да гласаат против, а мерките на штедење ги поддржуваат 33 отсто од испитаниците, со тоа што разликата почна да се намалува откако беа затворени грчките банки.

Портпаролот на ММФ Гери Рајс рече дека Грција од сега може да добие финансиска помош од фондот дури откако ќе ги исплати долговите. Тој потврди дека Грција во последен час побара одлагање на плаќањето што управниот одбор на фондот ќе го разагледа во „догледно време“.

Грчката влада предложила двегодишна програма на плаќање на долговите и финансиска помош, но не се понудени никакви нови отстапки со кои би се приближила до барањата на доверителите за спроведување на економски реформи, пренесе Reuteres.

Вратите се уште отворени?

Голем број на дипломаски контакти уследија во моментот кога десетици илјади Грци се собраа во центарот на Атина во изминатите 24 часа на два различни собири, на кои едните ги поддржаа мерките на штедење, а другите ги отфрлија.

Како знак дека не ги креваат целосно рацете од Грција, европските министрти за финансии рекоа дека во среда преку телефонски консултации повторно ќе го разгледаат последниот грчки рпедлог за реструктуирање на долговите и новото барање за заем.

Не е јасно што се може да се постигне денеска. Довербата меѓу Атина и останатите европски престолнини е нарушена по пет месеци хаотични преговори, а односите дополнително се влошија откако Атина најави одржување на референдум за условите на доверителите.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас рече дека плебисцит претставува демократска метода со која Грците ќе одлучат дали ќе ги прифатаат новите буџетски кастрења и даноците во замена за меѓунаордната помош. Тој повика да се гласа против барањето на доверителите.

Меркел исклучува можност од преговори пред референдумот

Германската канцеларка Ангела Меркел ја исклучи можноста од натамошни преговори пред неделниот грчки референдум.

Франција во средата сепак објави дека и натаму ќе се обиде да постигне договор со Грција пред референдумот во недела, изјави францускиот министер за финансии Мишел Сапен.

Претседателот на еврогрупата Јерон Дијселблум предупреди дека Атина може да бара нова помош, но дека таа ќе дојде со услови.

„Она што може да се промени е политичкиот став на грчката влада кој доведе до оваа несреќна состојба“, рече Дијселблум.

Варуфакис во вторникот сугерираше дека Атина би можела да ги повика Грците да гласаат за мерките на штедење доколку се постигне договор за нов заем, вечат извори од еврозоната.

Во вторникот агенцијата Fitch дополнитлено го намали кредитниот рејтинг на Грција на CC од CCC порачувајќи дека пропастот на преговорите значително би ги зголемиле изгледите дека државата во следните месеци нема да може да ги исплаќа доспеаните обврски.

Американското министерство за финансии во вторникот ги повика сите страни да и помогнат на Грција да остане на патот на раст внатре во еврозоната.

Грција со неплаќањето на долгот тргна на пат кон излез од еврозоната со непредвидливи последици за овој голем европски проект кој ги спојува државите преку единствената валута, но и за глобалната економија.

Со воведувањето на ограничувањето на протокот на капитлаот, со цел да се спречи колапс на банкарскиот систем, Грците добија можност да видат што би можело да се случи во случај на напуштање на еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП