28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTowers Watson и Willis ќе се соединат

Towers Watson и Willis ќе се соединат

Iconic Sears Tower Changes Name To Willis Tower

Финансиските компании „Towers Watson“ и „Willis Group“ ќе остварат спојување во вредност од 18 милијарди долари – договор со кој ќе се создаде сеопфатна компанија во сферата на управувањето со ризикот, консултирањето и реосигурување.

Според договорот сите акционери на „Towers Watson“ ќе добијат по 2,65 акции на „Willis“ за секоја од своите вредни акции и еднократна посебена парична дивиденда од 4,87 долари.

Акционерите во лондонската „Willis“ ќе поседуваат 50,1 отсто од новата група, која ќе ја задржи својата локација во Ирска. Акционерите на „Towers Watson“ ќе ги поседуваат останатите 49,9 отсто.

Обединетата компанија ќе има 39 илјади вработени на глобално ниво и приходи од над 8 милијарди долари годишно. Групацијата се насочува кон намалување на трошоците од најмалку 100 милиони долари во рок од три години по трансакција.

Џон Хејли, претседател и извршен директор на „Towers Watson“, ќе ја предводи новата групација, а актуелниот шеф на „Willis“, Доминик Касерли ќе е негов заменик. Претседателот на Одборот на директори пак ќе е Џејми Мекан, кој во моментов ја зазема истата позицијата во „Willis“.

Според Хејли, договорот ќе и даде на новата компанија подобра можност да се развива преку интегрирање на различните услуги кои „Towers Watson“ и „Willis“ ги обезбедуваат.

„Ние исто така очекуваме да реализираме значително зголемување на ефикасноста, а и да ги соединиме нашите две организации во едно“.

Во меѓувреме од инвестицискиот фонд „ValueAct Capital“ кој поседува повеќе од 10 отсто од акциите на „Willis Group“, изјавија дека го поддржуваат спојувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП