28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLexus подготвува нов спортски модел

Lexus подготвува нов спортски модел

leksi 3039

Јапонската луксузна марка „Lexus“ не се откажала од плановите за лансирање на нов спортски модел.

Според изданието „Automobile“ местото на моделот „LFA“ во палетата на производителот ќе биде заземено од „надуена“ верзија на идното купе „Lexus SC“.

Новиот модел ќе биде изграден по мотивите на концептниот „Lexus LF-LC“ (на фотографијата). Тој, сепак ќе биде различен од „LFA“, бидејќи ќе претставува луксузно купе, а не типичен суперавтомобил. Сепак, погонскиот агрегат се очекува да биде доста импресивен и ќе му дозволи да се натпреварува со најсериозните играчи во сегментот.

Автомобилот ќе го добие името „Lexus SC-F“, а ќе се потпира на 8-цилиндричен мотор со две турбини и моќност од над 600 КС. Секако, цената на такво возило исто така ќе биде импресивна, па се очекува таа да ја помине психолошката бариера од 100.000 долари.

Не се исклучува можноста моделот да биде опремен и со хибриден агрегат. Дали тоа ќе се случи, ќе биде познато во почетокот на следната година, кога возилото треба да дебитира пред публика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП