20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДијселблом за промена на ставот на Грција за новата програма за помош,...

Дијселблом за промена на ставот на Грција за новата програма за помош, САД сметаат дека се неопходни реформи

dijaselblom ee

Претседателот на Еврогрупата, Јероен Дијселблом во вторникот вечерта изјави дека е доцна за продолжување на актуелната програма за меѓународна финансиска помош на Грција и дека односот на Атина кон доверителите и партнерите во еврозоната мора да се промени пред договорот за евентуална нова програма, а во телефонскиот разговор со своите колеги од Холандија, Италија и Франција, американскиот министер за финансии Џејкоб Ли истакна дека САД сметаат оти е неопходно да се продолжи со реформите во Грција.

Зборувајќи по телефонската седница на министрите за финансии на земјите членки на еврозоната (Еврогрупата), Јероен Дијселблом истакна дека министрите повторно ќе се сретнат во среда и ќе го разгледаат новиот предлог на Грција

„Се чини дека политичкиот став на грчката влада не се променил“, истакна Дијселблом.

Холандскиот министер за финансии додаде дека секој нов грчки план ќе биде разгледан дури по одржувањето на референдумот на 5-ти јули кој го свика владата во Атина барајќи од Грците да се изјаснат „за“ или „против“ предлогот на доверителите за продолжување на програмата за финансиска помош на земјата. Предупреди дека би можело да бидат поставени уште поостри критериуми.

Малку подоцна американскиот министер за финансии Џејкоб Ли, во телефонските разговори разговорите со Дијселблом, како и со министрите за финансии на Италија и Франција, Пјер-Карло Падоан односно Мишел Сапен, изјави дека Вашингтон е на ставот дека е неопходно да продолжат реформите во Грција.

„Ли истакна дека ангажирањето мора да ја подразбира приврзаноста на процесот за натамошни реформи во Грција и начините за одржување на прифатливо ниво на задолженост“, се вели во соопштението на министерството за финансии на САД.

Се додава и дека во одделните разговори Ли „истакна дека САД внимателно ја следат ситуацијата во Грција и потенцираше дека во интересот на сите страни и на светската економија е да се продолжи работата на изнаоѓање решение коешто ќе овозможи Грција да излезе на патот на реформите и обновување во рамките на еврозоната“.

Покрај тоа, Ли обратил внимание и на „важноста од продолжување на чекорите неопходни за поддршката на финансиската стабилност“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП