25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei го претстави моделот Honor 7 (фото+видео)

Huawei го претстави моделот Honor 7 (фото+видео)

honor 7

Кинескиот производител на паметни телефони „Huawei“ на специјална прес-конференција го претстави новиот модел „Honor 7“ кој ќе се нуди во три варијанти.

Едниот модел ќе е основен со 16 GB внатрешна меморија и „LTE“-радио, другиот ќе е во варијанта со две „Sim“ картички, а третата со 64 GB внатрешна меморија. Трите модели ќе имаат целосно алуминиумско куќиште, 5.2-инчен дисплеј со резолуција од 1080 пиксели и заситеноста од 423 точки по инч.

onori 33

Овој смартфон ќе го користи процесорот произведен од кинеската компанија – 64-битен „Kirin 935“ со фреквенција од 2.2 GHZ. Трите модели ќе имаат 3 GB RAM меморија и со димензии 143.2 x 71.9 x 8.5 mm и тежина од 157 грама.

Највпечатливо на смартфонот ќе е неговата 20-мегапикселна задна камера која ќе располага со автофокус. Таа најверојатно ќе е новата камера од „Sony“, која се одликува со 6-објективен модул и сафирно стакло за дополнителна заштита. Предната камера на смартфонот ќе биде 8-мегапикселна со широк агол за подобри „селфи“ фотографии.

honor 7 2

Се очекува моделот да е со сензор за отпечатоци, слично на моделот „Mate7“, кој ќе овозможува отклучување со еден допир. Батеријата на смартфонот се очекува да има капацитет од 3100 mAh и можност за целосно полнење за 85 минути, или за полнење до 50% за половина час.

Оперативниот систем е „Android 5.0 Lollipop“, во комбинација со интерфејсот на „Huawei“ – „EMUI 3.1“. Инаку овој смартфон ќе се нуди во три бои, сива, темносива и златна.

honor 7 1

Основниот модел со 16 GB интерна меморија и поддршка за една „SIM“ картичка ќе се продава по цена од 320 долари, додека за моделите со 64 GB интерна меморија и поддршка за две „SIM“ картички ќе треба да се издвојат 400 долари. Во Кина продажбата на телефонот официјално стартува на 7-ми јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП