25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ го зголемува притисокот врз Атина

ЕЦБ го зголемува притисокот врз Атина

ECB_2355219b

За оние кои ги следат внимателно хаотичните седмици во Европа, изјавата на Беноа Коере дека Грција би можела да излезе од еврозоната, можеби воопшто не им е чудна, за вообичаено претпазливата Европска централна банка (ЕЦБ), изјавата на еден од нејзините највисоки функционери претставува силно политичко предупредување и прво од овој вид од банката, дека грчкиот премиер Алексис Ципрас се „игра со оган“, коментира Reuters.

Со ова можеби е направен обид да се врати Атина на преговарачката маса, која минатиот петок ја напуштија нејзините претставници.

Грција во вторникот изнесе нов предлог кој се однесува на периодот од следните две години, а опфаќа реструктуирање на долгот, што е знак дека „каналите за комуникација и натаму се отворени“.

И покрај изрично демонстрираната желба на Беноа Коере Грција да остане во еврозоната, неговото јавно признавање дека таа би можела да излезе од европската монетарна унија, многумина во Грција ќе ја дочекаат со страву, бидејќи грчката економија зависи од финансирањето на централната банка за да преживее.

„Излегувањето на Грција од еврозоната, досега теоретска можност, повеќе, за жал, не може да биде исклучено“, рече Коере во интервјуто за францускиот весник Les Echos, што е прво јавно признавање од страна на некој челник на ЕЦБ дека некоја земја членка би можела да истапи од еврозоната.

Грција во недела ќе одржи референдум за условите кои ѝ ги нудат меѓународните доверители. Доколку Грците гласаат „за“ програмата на помош, Коере вели дека „не се сомнева“ оти партнерите во еврозоната ќе изнајдат начин да ги исполнат своите обврски кон Грција. Доколку одговорот биде „не“, „би било многу тешко да се продолжи политичкиот дијалог“, вели.

Изјавата на членот на Извршниот одбор на ЕЦБ задолжен за преговорите со Грција, го открива големите сомневања кои ги споделуваат и другите членови на шестчлениот одбор во врска со грчката иднина. Предизвика, исто така, критики дека ЕЦБ сака да влијае врз развојот на настаните.

Извршниот одбор на ЕЦБ во неделата ги информираше гувернерите на централните банки на земјите членки на еврозоната да го одбијат грчкото барање за нови итни кредити за зачувување на ликвидноста на грчките банки поради што тие ќе останат затворени цела седмица и е ограничен дневниот износ на пари кои се повлекуваат од сметките.

„Тие играат многу опасна игра. Проблемот е во тоа што централните банкари ќе донесат изразено политички одлуки вели Пол де Гроув од Лондонската економска школа, критикувајќи ја таа изјава како обид да се влијае врз преговорите.

Функционерите од ЕЦБ сметаат дека тоа не е така и својата улога ја сметаат „технократска. Меѓутоа, поради кризата во еврозоната, принудени се поактивно да се ангажираат, признаваат европски функционери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП