25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple Music стартуваше со високи очекувања (видео)

Apple Music стартуваше со високи очекувања (видео)

apple-music-customize

Досега имаше двајца играчи кај музичките услуги – „Spotify“ и сите други. Тоа се очекува да се промени од денес со пуштањето на „Apple Music“ која нуди неограничени услуги и дава пристап до милиони песни за надомест од 10 долари месечно.

Тоа е ист фундаментален предлог како оние на „Spotify“, „Google“ и многу други помали конкуренти. Сите во голема мера ја нудат истата музичка библиотека за иста цена.

„Apple“ ќе се потпира на овој бренд според својата цврста база на корисници и на пазарната моќ, во обидите да привлече милионски број корисници, кои се потребни за да се создаде еден успешен конкурент на пазарот кој досега имаше мала, но ентузијастичка база на корисници.

Од „Apple“ тврдат дека новата нивна услуга за музички стриминг ќе биде лансирана во вторник наутро во САД, како дел од надградбата на нејзиниот софтвер „iOS“. Компанијата се залага на очекувањата дека може да стане значаен дел од своите 800 милиони налози во „iTunes“ и да бидат корисници на услугата.

Оваа услуга е еден дел од новите музички предлози на „Apple“. Меѓу нив е 24-часовна интернет радио станица наречена „Beats 1“, која вклучува добро познати радио диџеи и познати личности. Еден од другите предлози е наречен „Connect“. Тој има за цел да им обезбеди на изведувачите можност да споделуваат дел од музиката бесплатно, како што е во „SoundCloud“.

Компанијата се соочува со голем конкурент во лицето на „Spotify“, која во декември 2014-та година имаше 4,7 милиони претплатници, кои плаќаат за нејзините услуги во САД, покажуваат податоците кои беа споделени од компанијата. Освен тоа „Spotify“ има 14,7 милиони американски корисници кои бесплатно ја уживаат нејзината услуга. „Apple“ планира да ја ограничи својата бесплатна услуга до тримесечен пробен период, па потоа битката да се води за претплатниците.

„Google Play Music“ се рангираше на второто место во САД меѓу платените стриминг услуги со речиси 815.000 претплатници. На глобален план, „Deerez“ претставува втората најголема стриминг услуга по „Spotify“, но таа не се радува на силно присуство во САД, каде музичките услуги се должни да ги споделат детални податоци со издавачките компании.

„Beats Music“, услуга која „Apple“ ја купи минатата пролет ја заврши годината со 303.000 претплатници. Се очекува во блиска иднина „Apple“ да ги пренесе корисниците на „Beats“ кон „Apple Music“ и да ја прекине старата услуга, тврдат извори запознаени со ова прашање.

Само 25% од сите 110 милиони корисници на „iTunesMusic“, кои купиле музичка услуга во минатата година, потрошиле по повеќе од 110 долари за песни и албуми, тврдат извори од музичката индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП