28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLotus го покажа најбрзиот и најскап сериски модел (фото+видео)

Lotus го покажа најбрзиот и најскап сериски модел (фото+видео)

loti brz

„Lotus“ го избра Фестивалот на брзината во Гудвуд (ВБ) за место на премиерата на најскапиот и најбрзиот сериски модел во историјата – „3-Eleven“.

Возилото е опремено со 3.5-литарски „V6“ мотор, дело на „Toyota“, со моќност од 457 КС. Кабриолетот ќе се нуди во две варијанти – „Road“ и „Race“.

loti brz 3

Кај првата моторот работи со 6-брзински мануелен менувач, а кај втората е со секвенцијален менувач. Верзијата „Race“ тежи под 900 килограми и забрзува од 0 до 100 км/ч за помалку од 3 секунди, а развива максимална брзина од 290 км/ч.

Моделот е изграден врз алуминиум монокок и располага со каркас за безбедност. Патната верзија е опремен со дополнителна заштита од странични удари, додека натпреварувачката ги исполнува сите барања на „FIA“ за учество во трки. Каросеријата и кај двете верзии е од композитни материјали.

loti brz 2

Цената на модификација „Road“ е 82.000 фунти, додека „Race“ е проценета на 115.200 фунти.

Според информациите кои пристигнуваат од „Lotus“ ќе бидат произведени 311 автомобили, а тие ќе се појават на пазарот во април 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП