19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИнтернетот е број еден во маркетингот, рекламите на ТВ стануваат минато!

Интернетот е број еден во маркетингот, рекламите на ТВ стануваат минато!

touch- tablet in hands

Интернетот до 2017-та година ќе биде најголемиот медиуми за рекламирање на 12 клучни пазари, кои сочинуваат 28 проценти од глобалната потрошувачка на реклами.

Во Британија рекламирањето на Интернет ќе привлече половина од вкупниот рекламен буџет за оваа година, а ова земја ќе ја следат Данска и Шведска во 2016-та и Кина во 2017-та, наведува истражувачката компанија „ZenitOptimedia“.

Во 2014-та Интернетот беше водечки медиуми за рекламирање на седум пазари, Австралија, Канада, Данска, Холандија, Норвешка, Шведска и Британија, а до 2017-та ќе биде доминантен и во Кина, Финска, Германија, Ирска и Нов Зеланд.

На глобално ниво, телевизијата ќе остане клучен медиуми за рекламирање, додека Интернетот е на второ место. Јазот меѓу овие два медиуми, меѓутоа, ќе биде намален за 11 отсто во 2015-та на четири проценти во 2017-та.

Извршниот директор на „ZenitOptimedia“, Стив Кинг предвидува дека Интернетот како рекламен медиум на глобално ниво ќе ја престигне телевизијата до крајот на тековната деценија. Сепак тоа се однесува само за традиционалната телевизија, која се гледа на ТВ приемници.

Количината време кое гледачите го поминуваат гледајќи онлајн видео содржини на компјутерите, таблетите и паметните телефони е во рапиден пораст и рекламниот буџет се повеќе се фокусира на Интернет, додава Кинг.

Се проценува дека зенитот ќе биде во периодот 2014-та до 2017-та на мобилните уреди ќе отпадне двојно повеќе од рекламиниот буџет, отколку што е случај сега и дека уделот на глобалната рекламна потрошувачка во оваа област ќе порасне од 5,1 нa 12,9 oтсто.

Вкупната глобална рекламна потрошувачка ова година ќе порасне за 4,3 проценти или на 531 милиони долари, а во 2016-та ќе биде зголемена за пет проценти, благодарејќи на Летните олимписки игри во Бразил и претседателските избори во САД. Растот подоцна ќе забави во 2017-та на 4,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП