24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКарактерни особини на добрите шефови

Карактерни особини на добрите шефови

stock-footage-business-team-in-line-behind-their-boss-against-a-white-background

Зошто некои шефови ги привлекуваат најдобрите и најлојалните вработени, додека другите константно ги бркаат од себе? Одговорот лежи во карактерните особини кои секој шеф ги внесува на работа.

За разлика од просечните шефови, кои се опседнати со сопствените цели, многу добрите шефови разбираат што им е потребно на вработените и тоа им го даваат.

А на списокот на особини на добрите шефови се:

Едноставност

Деловниот свет е комплексен и секогаш бара компромиси. На вработените им е потребен шеф кој ќе знае да го поедностави она што е комплексно, и така нивните дневни активности и задачи би имале смисла и јасна цел.

Искреност

Вработените сакаат нивниот шеф да ги наградува луѓето пропорционално со нивниот допринос и да не се опкружени со „миленици“.

Хуманост

Кога вработените се присилени да го толерираат шефот „кој се знае“, нивната аверзија брзо се претвора во презир. Од друга страна, вработените почитуваат шефови кои се доволно скромни да признаат дека не знаат се.

Трпение

Вработените потајно ги презираат шефовите, кои се толку емоционално слаби па мораат другите да ги оптеретуваат со својот бес или фрустрација. Спротивно на тоа, силно ги ценат шефовите кои остануваат смирени дури и во време на криза.

Искреност

Во деловниот свет, каде се чини дека се е несигурно и „виси во воздух“, вработените бараат сигурност во фактот дека нивниот шеф ќе знае да ја направи правилната работа, без оглед на тоа дали станува збор за нив или за надворешната околина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП