29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПиете два газирани пијалоци во денот? Еве што може да ви се...

Пиете два газирани пијалоци во денот? Еве што може да ви се случи…

gazirana-pica

Ако често уживате во газираните засладени пијалоци, бидете внимателни…

Научниците спроведоа ново истражување чии резултати покажаа дека два газирани пијалоци на ден го зголемуваат ризикот за болести на црниот дроб, а можат да бидат поврзани и со заболување од дијабетес и срцеви тешкотии, пишува Дејли меил.

Лицата кои пијат повеќе од еден газиран пијалок дневно имаа поголем ризик за замастување на црниот дроб во однос на лицата кои не ги консумираат газираните пијалоци секој ден, се наведува во истражувањата објавени во магазинот Journal of Hepatology.

Истражувањето е спроведено на Универзитетот Тафтс, а учествувале повеќе од 2.600 средновечни мажи и жени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП