16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai Creta - нов мал SUV (фото)

Hyundai Creta – нов мал SUV (фото)

creta 00

„Hyundai“ во Индија претстави нов глобален модел кој на пазарот ќе се натпреварува со „SUV“ возила како што се „Renault Captur“, „Opel Mokka“, „Peugeot 2008“, „Nissan Juke“, „Mazda CX-3“ или „Honda HR-V“.

„Hyundai Creta“ го позајми дизајнот од моделот „ix25“ кој е достапен исклучиво во Кина.

На предниот дел се препознава шестаголна маска на ладилникот со хоризонтална хромирана решетка која е типична за „SUV“ моделите на овој корејски производител.

creta 01

Издолжените фарови длабоко се завлечени во предните крила и имаат интегрирани „LED“ дневни светла.

„Hyundai“ тврди дека конструкцијата на автомобилот истовремено е лесна и доволно цврста да одговори по различни терени.

На купувачите на индискиот пазар ќе им бидат достапни два дизели и еден бензински агрегати.

Oсоновната дизел верзија користи 1.4-литарски мотор со засега непозната моќ. Негова алтернатива е 1.6-литарски „CRDI“ со 128 ks.

creta 02

Оние кои ќе се определат за бензинец на располагање ќе имаат 1.6-литарски „Dual VTVT“ со 123 ks.

Без оглед на видот на моторот, моќта на тркалата се пренесува по пат на шестбрзински мануелен менувач. Како опција во понудата ќе биде и шестстепен автоматик. „Hyundai“ не соопшти дали ќе биде достапна и верзија 4×4.

Во зависност од пакетот на опрема, „Creta“ во понудата ќе има 17-инчни алуминиумски бандажи, аудио систем со шест звучници, копче за стартување на моторот наместо класичниот клуч, шест воздушни перничиња…

creta 03

„Hyundai Creta“ својата пазарна авантура ќе ја започне во Индија кон крајот на јули. Верзијата која ќе се продава во таа земја ќе се изработува во градот Ченај.

Корејскиот производител претходно најави дека овој модел ќе биде понуден на купувачите ширум светот, но деталите за продажба во Европа се уште не се познати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП