20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОткриени нови детали за идниот BMW i5

Откриени нови детали за идниот BMW i5

i petka 303

Германското издание „Automobile Magazine“ откри нови детали за идниот „BMW i5“. Моделот го подготвуваат како главен конкурент на „Tesla Model S“, а ќе се појави на пазарот порано од очекуваното.

Третиот претставник на новото „i“ – семејство на германската компанија ќе биде седан чие производство ќе започне во 2019-та година. Ова е спротивно од претходно кажаното од потпретседателот на „BMW“, Клаус Фролих кој беше категоричен дека сличен модел нема како да биде готов до крајот на оваа деценија.

Според информациите, сепак успехот на „Tesla Model S“ ги принудил баварците да го забрзаат развојот на „i5“. За него веќе се знае дека на изглед ќе биде еднаков со „BMW Series 3“, но ќе нуди поголем внатрешен простор. Тоа ќе се постигне со зголемувањето на растојанието помеѓу двете оски и поставување на електромотори меѓу задните тркала.

„BMW i5“ првично ќе претстават чист електромобил, кој ќе се движи од два електромотори со моќност од 225 и 135 КС. Подоцна ќе се појави и „plug-in“ верзија, која ќе биде опремена со електромотор со 275 КС и мотор со внатрешно согорување.

И двете верзии – електричната и хибридната, ќе бидат опремени со систем за погон на сите четири тркала. Каросеријата ќе биде од јаглеродни влакна, што ќе овозможи вкупната тежина на моделот да не надминува 1500 кг. Идното „BMW i5“ ќе се составува во фабриката во Лајпциг во истиот погон кој е користен за „i3“ и „i8“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП