16 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСтартуваше производствтото на новиот iPhone

Стартуваше производствтото на новиот iPhone

iphone6-ap-main

Калифорниската компанија „Apple“ започна со производство на новиот модел на „iPhone“, објави агенцијата „Bloomberg“.

Овој смартфон ќе ја има технологијата „Force Touch“ зa регистрирање на силата со која се врши притискањето на екранот на телефонот, што ќе им овозможи на апликациите под оперативниот систем „iOS“ да понудат нови прилагодливи функционалности.

Оваа технологија веќе е присутна на „Apple Watch“ и на најновиот примерок на „Mac“ преносниот компјутер.

Новите „Apple“ телефони, како што пренесува „Bloomberg“, ќе имаат ист надворешен дизајн и димензии како и телефоните „iPhone 6“ и „iPhone 6 plus“ кои беа претставени во септември.

Тоа би можело да бидат модели „iPhone 6s“, oбјави денеска францускиот дневник „Figaro“ на својата интернет страна.

„Apple“ на тој начин ги потврди промените на правецот кој стартуваше минатата година, според кој големите телефони се одлично прифатени кај потрошувачите.

Во последниот квартал во 2014-та година, компанијата ја надмина својата рекордна продажба и профит, продавајќи 74 милиони „iPhone“ уреди и остварувајќи профит од 18 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП