25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung развива батерија со двојно поголем капацитет

Samsung развива батерија со двојно поголем капацитет

baterii 2203

Одделението за истражување на компанијата „Samsung Electronics“, креираше нова технологија која на смартфоните и таблетите ќе им овозможи без полнење да издржат цел ден.

Новата технологијата на „Samsung“ овозможува креирање на силиконски катоден материјал за премачкување на силиконската површина со кристален графен, па така се создава густина на енергија која ќе биде двојно поголема од постоечката литиум батерија.

Најголемиот дел од развојот на нови материјали за батеријата со висок капацитет ќе биде изработен во Америка. Истражувако-развојниот тим на компанијата „Samsung“ успеа таму каде никој досега неможеше, креаирајќи катоден материјал со исклучителна густина кој е многу отпорен, што доведе до создавање на заштитен оклоп околу силиконот.

„Samsung“ веќе некое време работи на подобрување на капацитетот на батериите, се со цел да се одвои од конкуренцијата, а токму опишаната технологија би можела да биде решението на компанијата.

Лиценцирањето на технологијата на јапонската компанија ќе и овозможи да оствари голема заработка. Индустриски извори наведуваат дека на технологијата ќе и бидат потребни две до три години за да биде комерцијализирана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП