25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТри причини зошто колегите од работа не би требало да ви бидат...

Три причини зошто колегите од работа не би требало да ви бидат пријатели на Фејсбук

fejsbuk---kolegi

Во време на интернет и социјални мрежи се потенка е линијата помеѓу деловниот и приватниот живот, но како тоа барем делумно да го спречите?

„Можеби е подобро колегите од работа да не ви се пријатели на Фејсбук“, пишува во коментарот на маркетинг експертот Сохам Ваг на неговиот Линкедин профил. Според Ваг за тоа постојат три причини.

Завист

Повеќето луѓе на Фејсбук објавуваат големи животни случувања: нова куќа, нов автомобил, нови фотографии од патувањето во странство… Меѓутоа, во деловното опкружување тоа може да резултира со завист бидејќи немаат сите еднакво успешен живот ниту еднакви можности. Зависта е опасна бидејќи може да ги наруши добрите односи на работното место, навидум без посебни рационални причини.

Нарушување на имиџот

Многу луѓе многу се трудат на работното место да создадат одреден имиџ или перцепција за себе. Ако на Фејсбук се однесувате и комуницирате драстично поинаку отколку на работа, вашата градена слика на работното место може многу лесно да се сруши. На пример, ако меѓу колегите важите за трепеливо лице кое знае да се контролира, вашиот имиџ може да го нарушат саркастичните, критички и емотивни статуси кои ги објавувате на Фејсбук.

Непотребни конфликти

На работа можеби не разговарате за политичките ставови, религиозните погледи и слични ставови. Меѓутоа, на Фејсбук веројатно за таквите и слични теми говорите поотворено. Тоа може да ве доведе до непотребни конфликти со колегите на работа кои не го имаат истото мислење со вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП