25 април, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп - 29.06.2015 до 05.07.2015

Неделен хороскоп – 29.06.2015 до 05.07.2015

anita-hor-zod

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

ЉУБОВ: Неодлучноста за некоја стара врска ќе ве исцрпува многу, бидејќи еден дел од вас очајно сака да му се врати на поранешниот партнер, а друг дел размислува за лошите случувања во минатото.

РАБОТА: Премногу обврски и премногу проекти, ќе бидете растргнати на сите страни. Побарајте помош од првата личност што ќе ја сретнете денес на работното место.

ЗДРАВЈЕ: Можни се главоболки

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

ЉУБОВ: Оние кои се во врска ќе поминуваат низ стандардни секојдневија, исполнети со малку поголема радост. Оние кои се слободни ќе бидат во активна потрага по својот партнер.

РАБОТА: Обврските ќе си ги извршувате навремено без никакви отстапки. Ќе постигнете се што сте планирале. Влијанието на планетите е поволно па очекувајте да добиете и позитивни коментари за завршеното.

ЗДРАВЈЕ: Најдете место и начин каде ќе го исфрлите стресот.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

ЉУБОВ: Позитивни случувања за оние кои се во врска. Можеби ќе бидете одалечени од партнерот но со мислите ќе бидете постојано заедно. Исполнете му некои желби на партнерот и верувајте дека тој ќе ви возврати со иста мера.

РАБОТА: Ќе бидете на мал одмор од работата. Ќе имате време да се одморите и да не се грижите за работните обврски. Освежете се во текот на оваа недела, со цел од наредната да започнете со нови сили.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

ЉУБОВ: Ќе изберете да бидете среќни, па затоа ќе му ги простите на партнерот ситните грешки за кои сте му забележале. Намалете ги кавгите и расправиите, тие не ве водат никаде.

РАБОТА: Моментално одморате или планирате да заминете на одмор од напорното работење, а тоа позитивно ќе влијае на вас. Одморот ќе ве наполни со енергија, а позитивно ќе делува и на вашата мотивација.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

ЉУБОВ: Венера ви носи голема желба за непрекинато забавување заедно со партнерот. Ќе уживате во секој миг доколку се опуштите и не ги забележувате малите ситни нешта кои мислите дека партнерот ги прави намерно.

РАБОТА: Распоредот на планетите го нагласува полето на финансиите. Бидете внимателни и штедете пари за црни денови.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со белите дробови.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

ЉУБОВ: Ќе ве нервираат постапките на блиските лица и партнерот, ќе сакате да преземете нешто, но тоа нема да ви оди од рака. Намалете ги несогласувањата со вашата околина.

РАБОТА: Преголемиот број на обврски максимално ќе ве исцрпи, па така нема да можете да постигнете се што ќе ви биде дадено како задача. Побарајте помош од најблискиот колега.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на количината на внесениот алкохол со цел да немате проблеми со главоболка.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

ЉУБОВ: Ќе ве зачуди односот на околината со вас, но вие сте виновни бидејќи премногу сте се мешале во нечии одлуки. Семејството и блиските лица ќе ве казнат за вашите постапки.

РАБОТА: На работа нема да почувствувате поголеми промени, а нештата ќе се одвиваат во нормална насока. Понудете му помош на некој ваш колега кој не успева да ги заврши сите работни обврски.

ЗДРАВЈЕ: Проблеми со притисокот

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

ЉУБОВ: Можен е прекин на врската за сите оние кои нема да најдат заеднички јазик со партнерот. Различните ставови можно е да ве одалечат.

РАБОТА: Ќе присуствувате на некој важен деловен настан за кој ќе биде потребно да се подготвите. Средбата со високи деловни луѓе може да ви ги отвори патиштата за во иднина.

ЗДРАВЈЕ: Добро, можна е несоница.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

ЉУБОВ: Потребно е на партнерот да му посветите повеќе внимание, а оние кои не се во врска можно е да најдат нова љубов. Поволниот љубовен период ќе ве натера на некои посмели чекори.

РАБОТА: Работата и работните обврски ќе бидат со нормален тек. Некако сте заморени па едвај го чекате периодот за одмор. Решавајте ги обврските навремено.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

ЉУБОВ: Ќе доживеете промени кои нема да ви се допаднат. Потребно е сами да одлучите на кој начин ќе ја продолжите љубовната врска.

РАБОТА: Овој период ќе му го посветите на одморот а работните обврски ќе ги одложите колку што можете повеќе. Одморете се и соберете сила за деловните настани во иднина.

ЗДРАВЈЕ: Добро, внимавајте на екстремитетите, можни се скршеници.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

ЉУБОВ: Ќе започнете премногу да му забележувате на партнерот. Ќе го коментирате секој негов потег, а тоа само ќе ја влоши ситуацијата. Бидете поскромни во барањата.

РАБОТА: Период во кој ќе добиете покачување на платата или некои бенефиции кои досега не ги добил никој. Тоа ќе создаде љубомора во вашата деловна средина, но вие не се грижете, главата горе.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

ЉУБОВ: Ќе сакате да направите некои промени во вашата околина. Ќе присуствувате на искрен разговор со семејството од кој ќе дознаете некои долго чувани тајни. Можно е да бидете повредени.

РАБОТА: Ќе се обидувате на сите да им помогнете и ќе се преморите. Помогнете им на колегите колку што можете но не се исцрпувајте.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП