28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба и претстави во подновениот Дом на култура во Кавадарци

Изложба и претстави во подновениот Дом на култура во Кавадарци

kultura kavadarci

Денеска од 20 часот во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци ќе биде отворена изложба графики на Момчило Аврамовски од Куманово.

Се работи за 25 графики работени во техниката линорез и комбинирана техника, насловени како „Чудесен свет“. Координатор на изложбата е Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“- Куманово. Момчило Аврамовски припаѓа на постарата генерација на македонските академски уметници, коишто сé уште се активни, со потврден творечки континуитет. Извонредна можност за љубителите на ликовната уметност од Кавадарци да се запознаат со творештвото на овој истакнат македонски академски ликовен уметник.

Во среда, на 1 јули 2015, со почеток од 20.30 часот, Театарот при Домот на културата од Кавадарци по подолго време, а по барање на публиката, ќе ја изведе претставата „Лазо“, работена врз текстот „Оскар“ од Клод Мание. Додека пак во вторник на 7 јули 2015, со почеток од 20.30 часот кавадаречкиот Театар ќе се претстави пред матичната публика со уште една гледана претстава – „Сомнително лице“ по текст на Бранислав Нушиќ.

Инаку, во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци во тек е целосна промена на старите столчиња за публиката, со нови во големата сала. Инвестиција за која средства доделија Министерството за култура и локалната самоуправа на општина Кавадарци. Веќе во среда, на 1 јули 2015, со првиот предвиден настан во салата, кавадаречките љубители на културата и уметноста ќе можат да уживаат во подновениот амбиент на кавадаречкиот Дом на култура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП