23 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДруштвото на писателите на Македонија

Друштвото на писателите на Македонија

drustvo pisateli makedonija

Истакнати автори, членови на Друштвото на писателите на Македонија ќе настапат на дводневниот фестивал „Поетски синтези“, кој денеска започнува во Битола.

Предвидено е на фестивалот да настапат Елена Пренџова, Бобан Богатиновски, Мирјана Стојановска,  Зоран Пејковски, Весна Мундишевска, Никола Илијовски, Панде Манојлов, Кире Неделковски,  Милица Радевска, Билјана Т. Димко, Христо Петревски и Тоде Илиевски.

Манифестацијата има меѓународен карактер, а во нејзиното ново издание учествуваат Олга Панкина (Русија),  Јожев Бенце (Унгарија) и Зоран Маслаковиќ (Србија).

На поетскиот митинг ќе биде доделена традиционалната награда „Поетска муза“ за естетизација на поетскиот дискурс, интертекстуалност и интерпретација. Во рамките на манифестацијата ќе биде промовиран зборникот  „Битолска поетска разгледница“. За книгата, објавена на македонски и српски јазик, ќе говорат Мирјана Стојановска и Зоран Маслаковиќ.

Организатор на фестивалот „Поетски синтези“ е Здружението за наука и култура НОВА.

Фестивалот се одржува во рамките на Битолско културно лето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП