20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПремиерата на претставата за Хари Потер следната година во Лондон

Премиерата на претставата за Хари Потер следната година во Лондон

хари-пооооо

Британската авторка Џоан К. Роулинг најави дека претставата за Хари Потер ќе биде премиерно изведена во 2016 година на Вест Енд во Лондон.

Наречена „Harry Potter and the Cursed Child“ (Хари Потер и проколнатото дете), ќе го донесе „нераскажаниот дел“ од приказната за детето волшебник, вклучително и приказната за живото на неговите убиени родители, напиша Џоан К, Роулинг на Twitter без да навлезе во поединости од претставата.

Влезниците ќе бидат продавани од есенва, а претставата ќе се изведува во „Palace Theatre“ во летото 2016 година.

Роулинг, исто така, објави дека изминаа точно 18 години откако е објавена првата книга за Хари Потер – „Хари Потер и Каменот на мудреците“, како и дека на претставата соработува со писателот Џек Торни и со режисерот Џон Тифани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП