29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА10 знаци дека сте зависни од интернет

10 знаци дека сте зависни од интернет

zavisnost1

Интернетот на многу начини го поедностави животот и го направи интересен. Меѓутоа, дали поминувате долг период од денот на интернет?

За некои личности краткиот период без поврзување на интернет е незамислив, а доколку се случи комплетно да останат без него, тогаш тие поминуваат низ зависничка криза.

Како да ја препознаете зависноста?

1.Забележувате дека на интeрнет поминувате повеќе време од планираното.

2.Не можете да се „симнете“ од интернет иако сте свесни дека е време да заминете.

3.Повеќе сакате да го поминете времето на интернет, отколку со пријателите.

4.И покрај тоа што знаете дека имате други обврски, вие упорно сте на интернет.

5.Сте имале периоди во животот, кога поради интернетот страдало вашето училиште, факултет или работа.

6.Новите пријатели ги познавате исклучиво преку интернет.

7.Интернетот го сметатe за место за опуштање и бегство од вистинските проблеми.

8.Губењето на конекцијата на интернет ја доживувате како крај на светот.

9.Светот без интернет е досаден и празен за вас.

10.И кога не сте на интернет, постојано размислувате за него и за тоа која страница сакате да ја посетите.

Во денешно време речиси сите ќе се пронајдете во некоја од овие работи, но доколку се пронајдете во пет или повеќе вие тогаш имате проблем со зависност од интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП